Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти седницата и ќе поднесе суштински амандмани, рече координаторот на партијата

by Fokus

„Во јавноста алармот е вклучен на најјако. Граѓаните, експертите, невладините, медиумите, реагираат гласно и реагираат со право. И се додека во овој, во суштина теоретски добар инфраструктурен проект е обременет со сомнежи и координатори на проектот од типот на Артан Груби, се додека се бира надзор на сомнителен и матен начин, се додека се доставуваат закони во Собрание во петок за понеделник, се додека пратениците се потпишуваат на овие законски решенија за процедурата, а не Владата која што бега и која што на чуден начин се потргнува одговорноста ќе провејува фактот дека сомнежите со желба за корумпирање, криминал и матни зделки ќе бидат дел од овој проект“.

Ова денеска го изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Тој апелираше пратениците да не наседнуваат.

„Не е потпишана Владата. Ако веќе проектот е и е најголем проект кој што треба да се изведува во нашата држава, тука требаше да седат министри од Владата и да преземат одговорност, а не да се кријат зад мнозинството кое што го има во ова Собрание. И да, сакам оваа држава да се развива побрзо, сакаме да успее овој проект, ама сакаме да успее на јавен, транспарентен начин. А, не законите да се пуштаат од петок, а во понеделник да се закажува седница“, нагласи Мицевски.

„Да, си дојде министер за култура, министер за земјоделие, министер за транспорт, министер за финансии, и да застане зад експропријациите, зад шумите, зад културното наследство, и да го брани тоа што го прави“, порача Никола Мицевски.

Нагласи дека пратеничката група на опозициската партија нема да даде поддршка и затоа ќе ја напушти седницата.

Поврзани новости