Вчера, 2022 година, ни дојдоја дома, во парламентот, да нè стерилизираат нас Македонците, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, на денешната собраниска расправа за владината Информација за францускиот предлог, алудираjќи на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера одржа говор пред пратениците и државниот врв.
-Ќе ви прочитам еден твит – на денешен ден 1933 година, нацистите донеле закон за задолжителна стерилизација на лицата со наследни болести. Денес, односно вчера, 2022 година, ни дојдоа дома, во парламентот, да нè стерилизираат нас Македонците, рече Лозаноска.
На ова реагираше СДСМ од каде велат дека примитивизмот на ВМРО-ДПМНЕ ги минува сите можни граници.
-Денеска, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен нацист. Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Фон дер Лајен е нацист! Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по налог на Христијан Мицкоски, освен што го резилат Собранието дирекно ги наредуваат нашите пријатели во Европската Унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ, се вели во реакцијата.