506
Софија Захарак, пратеничка на Нова Демократија, утрово на Евроњуз објасни зошто таа утре ќе гласа против Преспанскиот договор.
Захарак смета дека договорот ги „пречекорува сите црвени линии на Грција“ и “им ги остава на соседите националноста и јазикот“.
-Ние не сме против никого, но сакаме да ги сочуваме историските димензии, рече Захарак.
На прашањето на водителката дали Договорот значи дека “иако новото име на државата е Северна Македонија, потенцијално тие ќе можат да го користат македонски, а не северномакедонски како придавка?“, Захарак одговори: “не, потенцијално, туку дефинитивно“.
-Одредбите од Преспанскиот Договор на народот му дозволува да се нарекуваат само Македонци, иако името на земјата е Северна Македонија, рече Захарак.