Замастениот црн дроб е здравствен проблем што се јавува кај 10-24% од популацијата (дури и кај деца) и доколку не се реагира навремено може да биде многу опасен.
Сите знаеме дека консумирање на алкохол во големи количини и во подолг временски период води кон оштетување на црниот дроб. Сепак уште почесто доаѓа до замастување на црниот дроб од неалкохолно потекло.
Тука припаѓаат неколку заболувања: стеатоза (акумулација на маснотии во црниот дроб), потоа безалкохолен стеатохепатитис, кој е потешка форма и подразбира воспалителен процес во црниот дроб, а најсериозната форма е т.н. цироза на црниот дроб, која е неповратно оштетување како резултат на хронично воспаление и формирање на сврзно ткиво во црниот дроб со што тој ја губи својата функција.
Овие три заболувања се смета дека се резултат на отпорност на инсулин, а БМИ (индекс на телесна маса) многу често е во корелација со степенот на оштетување на црниот дроб. Со други зборови – поголема тежина, поголемо оштетување на црниот дроб! Токму затоа намалувањето на тежината е прв чекор во третманот на оваа болест, бидејќи се покажа дека намалувањето на тежината доведува до пониско ниво на ензимите на црниот дроб во крвта.
За оваа цел клучно е прилагодување на исхраната т.е. замена на масната храна и простите шеќери со поздрави опции, а пред се со зголемување на уделот на свежо овошје, зеленчук и здрави протеини во исхраната (посни меса, риба, грав, мешунки, ореви) и секако намалување на дневниот калориски внес.
Оброците треба да бидат богати со растителни влакна (интегрални житарки) и пробиотици што ќе го забрза метаболизмот.
Особено е важно да се заменат безалкохолните пијалоци кои вообичаено содржат големи количини на шеќер со обична вода или незасладени овошни сокови.
Генерално треба да се избегнува храна со висок гликемиски индекс која брзо го подига шеќерот во крвта како што се бел леб и бели пецива, слатки, тестенини, бел ориз и обичен шеќер.
Треба да се избегнуваат и масни меса (пр.свинско) и месни преработки (паштети, виршли, колбаси итн.), нездрави пржени грицки (чипс, флипс итн.), мајонез и др. Треба да се пие многу вода (2-3л на ден) за да им помогнеме на бубрезите да ги излачат токсините ослободени од црниот дроб. Другите насоки подразбираат апстиненција од алкохолни пијалоци и пушење, како и намалена конзумација на кафе до максимум 2-3 чаши на ден.
Како дополна на промените во исхраната важно е да се воведе и секојдневна физичка активност – барем пешачење во време од 30 минути на ден. Физичката активност е многу важна за здравјето на црниот дроб затоа што помага да се трошат складираните маснотии од црниот дроб (како и од остатокот од телото). Вежбањето во комбинација со променета диета ја зголемува мускулната маса и чувствителноста на инсулин.
Покрај ова, честопати, треба да се третираат истовремено присутни болести, како што се: дијабетес тип 2 и покачено ниво на холестерол и триглицериди. Во овој контекст може да си помогнеме и со користење на природни продукти на база на силимарин, артичока, црвен ориз , витамин Е и останати антиоксиданси.
Артичоката е познат заштитник на црниот дроб а помага и за намалување на покачените количини на холестерол и триглицериди преку стимулација на излачување на жолчката. Силимаринот е силен антиоксиданс кој помага во обновувањето на клетките на црниот дроб преку активирање на глутатионот кој е моќен антиоксиданс кој игра голема улога во заштита на клетките.
Заради тоа Силимарин Артичока од Диетфарм е одличен препарат кој е комплексен и содржи Силимарин, Артичока, но и витамин Е, цинк и селен кои се исто така докажани антикоагуланси.
Во контекст на ова би го споменале и Covid 19 вирусот кој исто така делува на црниот дроб така што го оштетува црниот дроб ( покачувајки ги АLT и AST – ензими кои се ослободуваат од црниот дроб кои ни укажуваат на црнодробно оштетување), и затоа би советувале секогаш кога имаме црнодробно оштетување, да го заштитиме црниот дроб со користење на Силимарин Артичока, за да имаме функционален и здрав црн дроб.
Мр.Фарм Лири Шеху
ПР текст