Путин бара признавање на Крим и „неутрален статус“ на Украина

by Fokus

Рускиот претседаетел Владимир Путин во денешниот разговор му рекол на својот француски колега Емануел Макрдон дека бара меѓународно признавање на црноморскиот полуостров Крим како руска територија, отстранување на „неонацистите“ од украинската влада и „неутрален статус“ на Украина за да ја заврши офанзивата во соседната земја.

Путин побара „признавање на руска сувереност над Крим, спроведување на демилитаризација и денацификација на украинската држава и гаранција за нејзиниот неутрален статус“, како ислов за каков и да е договор, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата челницир.

Од Елисејскиот дворед малку претходно соопштија дека францускиот претседател разговарал чес и половина со рускиот претседател и барал од него „веднаш да ги прекина нападите врз цивилите и да се осигураат копнените правци во Украина“, а соговорникот му ја „потврдил својата волја на тоа да се обврзе“.

Елисејскиот дворец, исто така, објави дека Макрон побарал од рускиот колега следните денови да останат во контакт за да се спречи ескалацијата на судирите на што, според соопштението, Путин се согласил.

Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР и за присоединување кон Руската Федерација. Москва набрзи потоа изгласа прифање на Крим во составот на федерацијата, а Западот инсистира дека тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.

Поврзани новости