Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ тргнува во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот. „Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции, реагира Мартин Попов, организационен секретар и советник во Советот на Град Скопје.
-Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми, е предложена за член на Јавната установа Младински културен центар. Еве го документот со предлог Одлуката која треба да се најде пред советниците на наредната седница, посочува Попов.
Тој наведува дека предлог листите за членови на Управните и Надзорните одбори на Јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
-За нови членови на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје се предложени портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и Марија Митева.
Третиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски е предложен за член на Управниот одбор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Толку од наводната независност на Данела Арсовска, додаде советникот на Советот на Град Скопје.