450
Кристијано Роналдо ќе пропушти една до две седмици поради повредата што ја претрпе на квалификацискиот натпревар со Србија синоќа во Лисабон.
Португалецот заработи повреда на задниот дел на бутот и беше заменет во 30 минута.
– Не сум загрижен, бидејќи го познавам моето тело. Ќе се вратам на теренот за една или две седмици, изјави Роналдо за „Скај Спортс“.
Доколку се исполнат очекувањата на Роналдо, тој би можел да настапи за Јувентус во првиот меч на четвртфиналето на Лигата на шампионите со Ајакс. Овој меч е закажан за 10 април во Амстердам.