580
Во Грција, заклучно со денеска, потврдени се вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници, девет повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина.
Сите потврдени случаи се мажи на возраст од 19 до 59 години, а 33 отсто, односно 16 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.