Украинската Влада денеска го именуваше шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко, за заменик-министер за внатрешни работи и му ги довери овластувањата за вршител на должноста министер за внатрешни работи, соопшти украинскиот премиер, Денис Шмигал.
Назначувањето на Клименко беше објавено само неколку часа откако украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирск, загина при пад на хеликоптер во близина на Киев
Шмигал изјави дека Клименко официјално е назначен за заменик-министер за внатрешни работи, но и оти ќе ги извршува министерските должности.
Во хеликоптерска несреќа во близина на Киев загинаа 18 лица, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи и три деца. Шефот на киевската област, Алексиј Кулеба, изјави дека 29 лица се повредени, меѓу кои 15 деца