Хрватската Влада објави соопштение денеска откако во Загреб ноќеска се урна беспилотно летало. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во Париз на состанокот на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина, денеска и се обрати на јавноста, наведувајќи дека се работи за летало од руско производство.
„Според она што сега го имаме како информација, се работи за авион од руско производство. Не се знае дали бил во сопственост на руската или украинската армија“, изјави Пленковиќ.
„Се знае дека во Хрватска дошла од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Знаеме дека неколку минути ја прелетала Хрватска и паднала во Загреб. Добро е што никој не е повреден и паднал на дел што не е ниту куќа ниту зграда. Надлежните служби спроведуваат истрага“, изјави хрватскиот премиер.