421
Рускиот претседател Владимир Путин на 5 август ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, јавија руските медиуми.
Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на 19 јули. Тогаш главна тема беше ситуацијата во Сирија, каде Анкара и Москва имаат различни позиции по прашањето за војната.