615
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска или утре треба да завршат ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија. После тоа ќе се организира транспортот на нивните тела во земјава.
„Интензивно се работи да се завршат ДНК анализите. Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите“, рече Филипче.