365
Кривичниот суд денеска ги објави имињата на судиите кои ќе судат во предметите на СЈО.
Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро со новиот распоред во Кривичен и автоматската рапределба преку АКМИС системот ќе го суди, судијата Огнен Ставрев. „Сопот“ ќе го суди, Владимир Туфегџиќ, додека „Титаник 3“ каде обвинети се сопартијците од ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури ќе ги суди Оља Ристова.
На екс премиерот Никола Груевски обвинет за набавката на луксузниот мерцедес, ќе му суди Добрила Кацарска. Случајот „Тврдина“, „Таргет“ преку кој треба да се дознае кој со години нелегално прилсушувал ќе го суди, судијката, Џанета Бегтовиќ.