Концерт во честа на легендарниот фолк пејач Гоце Аранудов ќе се одржи во неговиот роден град Струмица на четврти декември. На настанот кој ќе започне во 19 часот во НУЦК Антон Панов – Струмица, најголемите хитови на Арнаудов ќе ги отпает голем број од неговите колеги – Ламбе, Елена Велевска, Ленче и Горан Кукиќ, Миле Кузмановски, Јоце Панов, Огнен Здравковски, Бока Конга и други. Водител ќе биде Миро Кацаров.
Концертот е во организацја на Маркетинг агенцијата Инфинити, од каде ја канат јавноста на настанот во чест на музичарот кој зад себе остави безвременски фолк нумери.
-Да се присетиме на најголемите хитови испеани од златното грло на македонскиот Мик Џегер, истакнуваат организаторите. Концертот ќе има и хуманитарен карактер и дел од собраните средства ќе биле донирани.
Влезниците се продаваат по цена од 350 денари.
Гоце почина во декември 2011 година, по тешко боледување на 57 години. Зад себе остави богата ризница од песни без кои и денес не поминуваат забавите. Беше миленик на дијаспората и насекаде ги полнеше концертните сали.
Има напишано над 200 песни, а на повеќе од 60 фестивали има освоено прва награда. Пред околу 15 години во Струмица доби награда за пејач на деценијата и беше прогласен за почесен граѓанин. Тој се уште го држи рекордот во Македонија, дури 60 први награди на музички фолк фестивали, успех кој се уште не го повторил друг пејач од земјава.
Вики Клинчарова