Подзаборавената староградска музика вечерва ќе се врати на сцената во вид на фестивал ,,Ех, таа серенада”, кој ќе се одржи во Офицерскиот дом КИЦ Битола.
Најавено е учество на 16 музички имиња помеѓу кои Мишко Крстевски, Боеми, Димитар Андоновски, Трио Џентлмен и други.
Ова е прво издание на Фестивалот на строградска музика, чија цел е навраќање на традициите карактеристични за конзулска Битола, на серенадата како музички жанр, како и за значењето на оваа манифестација за битолчани, за македонската музичка продукција како и за огромниот интерес од граѓаните.
Од организацијата открија дека имало голем интерес од страна на изведувачи и автори, кои подолг период немале каде да ги презентираат своите нумери од ваков жанр. За наредната година, се размислувало да се зголеми бројот на учесници, но и да се одржи на поголем простор. Песните ќе бидат изведени во живо, во придружба на Камерниот оркестар на Битола, а фестивалот одложено ќе биде емитуван на МРТ.
Вики Клинчарова