По неколкугодишна пауза фестивалот “Scream” се враќа на 9-ти ноември во „Арена Борис Трајковски” во Скопје, а публиката ќе има можност да ужива во настапите на највлијателните рок групи од регионот, вклучувајќи ги „Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија”.
-„Прљаво казалиште”, со своето уникатно мешање на рок и панк звуците, ќе ги зајакне емоциите на присутните со своите незаборавни хитови. „Црвена јабука”, со својата препознатлива иконична музика, ќе ги разбуди страстите, а „Галија”, пак, ќе ја долови својата енергична и моќна изведба која секогаш остава силен впечаток.
Не пропуштајте го овој уникатен настан на 9-ти ноември во „Арена Борис Трајковски”. Искусете ја магијата на рок музиката и бидете дел од една незаборавна вечер, порачуваат од Прагма продукција, во чија организација е фестивалот.
Првото издание на фестот се одржа во 2011 година, и тогаш настапија Ван Гог, Дивље јагоде, Прљаво казалиште, Негатив, Морал и Беи д фиш.
Вики Клинчарова