516
Познатата статуа на сирена, која е една од најголемите туристички атракции во Копенхаген, повторно е во центарот на вниманието бидејќи непознато лице ја обоило карпата на која седи во боите на руското знаме.
Познатата статуа се наоѓа на влезот на пристаништето во Копенхаген. Не е познато кога е насликана карпата на која седи сирената.
Статуата е поставена во чест на данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен и неговата бајка „Малата сирена“.