Иако годината штотуку започна, германското пензиско осигурување веќе ја објави прелиминарната вредност на просечниот приход за 2025 година. Според нивните податоци, Германците во просек заработуваат 50.493 евра годишно, пренесува Феникс магазин.
Платите во Германија значително се разликуваат во зависност од професијата. Но, колку во просек заработуваат Германците? Веќе е достапна прелиминарната вредност на платите за 2025 година.
Според пишувањата на германските медиуми, 2025 година започна позитивно за лицата со пониски примања. Од почетокот на годината, многумина добија зголемени саатници, а и останатите работници годинава ќе имаат поголеми нето-плати.
Иако годината штотуку започна, германското пензиско осигурување веќе ја објави прелиминарната вредност на просечниот приход за 2025 година. Според нивните податоци, Германците во просек заработуваат 50.493 евра годишно, пренесува Феникс магазин.
Просечната плата за 2025 е позната уште на почетокот на годината
Оваа сума изнесува 4.207,75 евра месечно (бруто). За споредба, пресметаната просечна плата за 2024 година била нешто пониска. Според Германското пензиско осигурување, минатата година просечната годишна плата изнесувала 45.358 евра.
Фактот што оваа бројка е достапна уште на почетокот на годината е поврзан со пензискиот систем. Во Германија, пензиските поени (познати и како бодови за заработка) се основа за пресметување на месечната пензија, а нивната вредност зависи од просечната плата.
Според платформата Kununu, која ги анализира платите во Германија според различни категории, контролорите на летање се меѓу најплатените професии – нивната годишна плата е речиси двојно поголема од просекот.
Што се однесува до регионите, највисоки просечни плати има во Хесен, а веднаш зад него се Хамбург и Баварија.