Позната причината за пожарот во РЕК Битола

by fokus

Се работи на оспособување на трансформаторот на Блок 3 во РЕК „Битола“ кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, а според првичните наоди, причина за пожарот е висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем.

– Стручни лица од РЕК „Битола“, со поддршка на колеги од МЕПСО и „ЕВН Македонија“, како и експерти од техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот минатиот петок. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, информира денеска АД ЕСМ.

Поврзани новости