635
Сопственикот на „Пофикс“ Тетово им се заблагодари на сите кои помогнаа да се изгасне пожарот кој ден претходно ја зафати оваа фабрика.
Како што денеска истакна тој, причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи ова го поплави Тетово.
„Материјалните штети се многу големи. Но, ниту еден работник нема да ја изгуби работата, бидејќи тие се нашето семејство“, рече тој.