Се појави нова бизарна теорија дека рускиот лидер Владимир Путин не сака никому да ја предаде власта бидејќи чека неговиот син Иван, за кој јавноста не слушнала, да наполни 18 години за да му ги предаде клучевите од Кремљ.
Новото бомбастично тврдење доаѓа од рускиот адвокат Марк Фегин, поранешен пратеник и политички експерт кој своевремено го застапуваше рускиот панк бенд „Пуси Рајот“, пишува „Sun“.
Наводно, Путин сака да ги доведе своите две ќерки на власт како „потенцијални регенти“ доколку неговото здравје биде загрозено.
Во разговор со украинскиот ТВ водител Дмитриј Гордон, Фегин рече дека Путин има два малолетни сина со својата долгогодишна љубовница Алина Кабаева (40), а еден од нив, кој сега има девет години, Путин го сака за свој наследник.
Путин си го чува приватниот живот како змиски нозе, а јавно призна дека со првата сопруга Људмила има само две ќерки Марија и Екатерина. Пред две години швајцарските весници објавија дека Путин има два сина со Кабаев. Првиот, наводно, е роден во Швајцарија во 2015 година, а вториот во Москва во 2019 година.
Адвокатот Фегин сега тврди дека Путин сака династички трансфер на власта.
Тоа му е многу важно. Во следните 12 години тој мора да направи измени на Уставот, за никој освен неговите наследници да не дојде на чело на државата. Во бракот со Кабаева има синови, тоа е апсолутна вистина. Многумина го потврдија тоа. Има два сина, Иван и Владимир.
„Претпоставувам дека сака да почека постариот да порасне“, рече тој.
Фегин објасни дека Путин може да го промени уставот преку ноќ за да овозможи наследна моќ: „За Путин, се разбира, оваа опција е најдобра. Тоа е златна опција, некако ќе ја формализира“, рече тој.
Медиумите претходно објавија дека Путин наводно има уште една ќерка, 21-годишната Луиза Розова.
Ја добил во врска со Светлана Кривоногих, поранешна домаќинка која стана богата жена. Се верува дека Луиза студира на Запад во некоја европска престолнина.
Фегин смета дека неговите постари ќерки сигурно ќе дојдат на власт, а за Марија Воронцова, инаку доктор и научник, тврди дека по изборите ќе стане министерка за здравство.
Нејзината сестра Екатерина Тихонова би можела да стане министерка за образование, најави „Сан“.