Напаѓачот од Словачка, кој денеска изврши напад во средно училиште во Спишка Стара Веса е 18-годишниот Самуел С. Тој со нож уби две лица, а рани неколкумина.
Самуел е ученик во Гимназијата на улицата Штурова каде денеска го изврши нападот. Инаку, Семјуел изгледа како многу интелигентно момче.
Минатата година учествувал на младинскиот европски натпревар, кој беше истакнат на Фејсбук страницата на училиштето. Инаку, Самуел имал освоено и повеќе награди на натпревари во мал фудбал, кошарка и германски јазик… Бил успешен на натпреварот iBobor во алгоритамско размислување со процент од 99,10 проценти. Тогаш во Словачка се натпреваруваа 6.030 ученици, од кои само 6,05 отсто беа успешни.
По масакрот тој се обидел да го напушти училиштето и да побегне од местото на настанот, но полицијата брзо го уапсила. Крвавиот инцидент се случил нешто пред 13 часот, а на местото пристигнале неколку екипи на Брзата помош. Полицијата околу 20 минути трагала по насилникот.
Според првите информации, напаѓачот денеска требало да има стручен испит во гимназијата во Спишка Стара Веса.
Загинаа 52-годишен заменик директор и ученичка. Во нападот се повредени две лица, а едно од нив е со повреди опасни по живот.
Министерот за внатрешни работи на Словенија, Матуш Шутај Ешток, го осуди нападот врз учениците, додавајќи дека излегол на местото на трагедијата и изразил сочувство до семејствата на жртвите.