За наследник на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, иако неофицијално, се почесто почна да се споменува името на словенечкиот дипломат Јанез Ленчариќ, пишуваат бањалучкиот весник „Независне новине“, повикувајќи се на повеќе неиуменувани извори.
Според весникот, одлуката се уште не е донесена и се уште не е јасно на кој начин потфелјот за проширување ќе биде дефиниран, иако Ленарчиќ во бриселските кругови се почесто се споменува како можен кандидат на оваа функција.
Словенечката Влада неофицијално Ленарчиќ го номинирала за свој кандидат за еврокомесар, а ресорите во кои тие би сакале да го видат се комисаријатите за животна средина и за енергетика.
Добар познавач на бриселските прилики за „Независне“ вели дека е речиси извесно дека следниот комесар за проширување ќе дојде од соседството на Западен Балкан, со оглед на тоа дека последните двајца еврокомесари беа од Словачка и Австрија.
-Може да се очекува по извесното иманување на Шпанецот Жозеп Борел за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност ресорот за проширување да го води лице кое ќе може да воспостави одредена противтежа на политиката која од ЕУ се водеше кон регионот на Западен Балкан. Од тој агол Словенецот ќе изгледа како паметен избор, вели неименуваниот извор за весникот и додава дека конечниот правец, сепак, ќе го одреди Урсула фон дер Лајен, која функцијата претседател на ЕК ја презема на 1 ноември.
Фон дер Лајен вчера се сретнала со Ленарчиќ за да разговара за можната позиција во ЕК, но не се очекува дека таа во овој момент би можела да ги открие картите, додава „Независне“.