Американски радиоводител и познат антиваксер Дик Фарел почина од корона вирус, но пред да го испушти последниот здив ги повика пријателите и неговите обожаватели задолжително да се вакцинираат, објави WPTV на Флорида.
Фарел, кој е поранешен водител на федералната телевизиска мрежа Њузмакс, а сега радиоводител во Вест Палм Бич, од почетокот на пандемијата е домаќин на програми во кои ги критикува медицинските мерки и вакцините. Тој го нарече главниот специјалист за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи „луд лажго, жеден за власт“ и отворено ги сметаше вакцините за „измама“. Фарел тврдеше дека демократските политичари никогаш немале позитивен тест на Ковид-19, бидејќи вирусот е „лага“ и има за цел да ги заблуди републиканците.
Пред три недели Фарел беше примен в болница поради зараза со корона вирус и пред да почине радикално го смени мислењето за болеста.