91
Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, истакна дека неговата функција е регулирана со Деловникот на владата.
За изјавата на премиерот Христијан Мицкоски која се однесуваше на „џентлменскиот договор“ за функцијата прв вицепремиер во владата, Меџити со одговор:
„Имаме договор. Јас сум првиот вицепремиер и тоа го објасни и премиерот. Точно е дека законски не е регулирано тоа. И во минатото, првиот вицепремиер не бил законски, но тоа е регулирано со Деловникот на владата, во кој е точно утврдено дека постои прв вицепремиер и дека тоа сум јас”, рече Меџити.