1.1K
Единствениот од 26-те повикани македонски фудбалери за настап на Европското првенство кој имаше позитивен тест на корона вирус, Енис Барди, наскоро ќе се приклучи на соиграчите од националниот тим.
– Барди е добро. Со нетрпение го очекуваме неговиот негативен тест по што ќе се приклучи на останатите фудбалери. Се надевам дека тоа ќе биде за брзо време, веќе во следниве денови, соопшти денес Игор Ангеловски, селекторот на македонската репрезентација.
„Црвено-жолтите“ утре од 18 часот во Скопје играат со Словенија, а три дена подоцна (на 4 јуни) се среќаваат со Казахстан во двата контролни дуели пред патувањето на ЕУРО 2020.
ФОТО – ФФМ