602
Петмина вработени во Основното училиште„ Христо Узунов“ од село Другово, се позитивни на ковид-19 .Се работи за тројца наставници и двајца возачи на комбиња, што ги превезуваат учениците од дома до училиште и назад.
„Се работи за тројца наставници и за двајца возачи, кои со комбиња ги превезуваат учениците од дома до училиште и обратно. Од петмината позитивни дел се на болничко лекување, додека дел се лекуваат во домашни услови.Добро е што во нашето училиште нема инфицирано ученици“, рече директорката Биљана Ангелеска.