По првиот позитвен припадник на ЕБР- 14 полицајци позитивни на ковид-19, 103 во изолација

by Fokus

По првиот позитивен случај на ковид 19 во Единицата за брзо распредување, заразата се прошири и сега вкупно 14 полициски службеници на ниво на цело Министерство за внатрешни работи се позитивни на новиот вирус.

Од МВР за „Фокус“, велат дека половина од заразените се припадници на ЕБР, но останатите заразени се вкупен бро од цело Министерство за внатрешни работи. Ако вчера над 30 полициски службеници имаа добиено решение за изолација, денеска според епидемиолошката анкета и контактите на заразените, вкупно 103 полициски службеници се во изолација.

Пред неколку дена беше соопштено дека припадник на ЕБР, кој заедно со колегите обезбедувале карантински објекти во охридскиот регион почуствувал симптоми на ковид 19. Тој бил тестиран и бил позитивен на новиот вирус, а освен него, позитивни биле и уште шестмина негови колеги.

 

Поврзани новости