422
Пожарите што во текот на денот го зафатија Светиниколскиот Регион направија голема штета на имотите на жителите.
Ова вечерва на својот фејсбук-профил го соопшти градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, кој додаде дека пожари има во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места.
„Во гасењето учестваа пожарникарите од Свети Николе, Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари. За тоа од срце им заблагодарувам. Борбата ќе продолжи и во текот на ноќта“, вели тој.
Според ЦУК, на територијата на државата денеска има вкупно 42 пожари на отворено, од кои 17 се активни, а четири се под контрола.