Не постои опасност од зафаќање на викенд-населбата Елен Камен од пламените јазици од пожарот што попладнево ја зафати шумата над патот кон струшкото село Радожда, инфорира за МИА командирот на територијалната против пожарна единица – Струга Фети Мазари.
Според него, викендиците се на два километра оддалеченост, а ветрот дува во спротивен правец и го носи огнот кон планината.
– Моментално, на терен е екипа со едно возило и двајца пожарникари. Поради непристапноста на теренот не можеме да интервенираме. Побаравме помош од Дирекција за заштита и спасување уште околу 13 часот и 30 минути, кога беше пријавен пожарот, но се уште никој не дојде – изјави Мазари.
По пријавувањето на пожарот, на терен излегле две екипи на ТППЕ Струга со шест пожарникари.
Пожарот во полиција бил пријавен нешто по 14 часот, а екипи на полицијата се присутни на терен, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.