Пожарот во Радовиш се доближува до викенд населбата

by fokus

Пожарот над Радовиш се претвара во тежок шумски пожар. Гори борова шума, пожарот се приближува до викенд населбата.

Ова вечерва на неговиот фејсбук-профил го објави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека пожарот се наоѓа на околу седум километри од градот.

Локалното население и пожарникарите се обидуваат да направат појас околу куќите и викендичкитее кои се наоѓаат во непосреедна близина на пожарот“, вели Ангелов.

Поврзани новости