Пожарот во Пржино бил подметнат?

by fokus

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски апелира Министерството за внатрешни работи до крај да го истражи пожарот што се случи попладнево во населбата Пржино каде изгоре објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.

-Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова. Доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата!, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Во скопската населбата Пржино во Кисела Вода, попладнево настана пожар во напуштена барака, односно поранешно основно училиште. Засега не се познати причините за настанување на пожарот.

Командантот на скопската Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски потврди дека три противпожарни возила интервенираат на терен. Освен пожарникари, на терен имаше и екипи на полицијата.

-Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран, што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу, порача градоначалникот.

Поврзани новости