Пожарот во „папагал“ зградата локализиран

by fokus

Пожарот кој вечерва изби во зграда на булевар „Климент Охридски“ во Центар е локализиран, потврдуваат од МВР за „Фокус“.

Од таму додаваат дека за сега нема пријава за повредени лица.

Вечерва околу 20.30 часот изби пожар во стан во познатата „папагал“ зграда. Четири пожарникарни возила беа на терен и успеаја да ги совладат огнените јазици.

Причината за пожарот за сега не е позната, но се претпоставува дека бил предизвикан од плинска боца.

Фасадата на оваа зграда беше реновирана во 2013 година, како реакција на барокниот стил на Скопје 2014, при што секој балкон доби различна боја.

Поврзани новости