Пожарот во Гевгелија е ставен под контрола

by Fokus

По четиричасовна борба со пламените јазици кои ги зафатија шумите крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, известуваат од Општина Гевгелија.

Оттаму информираат дека пожарот зафатил огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајќи ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Поврзани новости