Пожарот на Готен е ставен под контрола

by vlatko 10:22
10:22

Нема активни пожари на територијата на државата, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека од вкупно 13 регистрирани пожари, 12 се изгаснати, а еден е ставен по контрола.

Станува збор за пожарот на планината Готен од беровска страна, каде што гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација.

За гаснење на овој пожар на терен интервенираа специјалните возила на ДЗС, хеликоптерот на Чешка, беровските пожарникари, пожарникарите што ги испрати Словенија и доброволци на „Национални шуми“.

Изгаснати се пожарите на териториите на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино и четири во Прилепскиот Регион.

Слични вести