260
Пожарот на територијата на Јасен кон селото Белица во Општина Македонски Брод повеќе чади отколку што гори, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, додавајќи дека обемот на овој пожар е драстично намален.
-Сепак, се уште не можам да кажам дека имаме целосна контрола врз него. На земја во гаснењето учествуваат поголеми сили – рече тој.
Ангелов вели дека пожарот на Галичица гори на тешко пристапен терен и од страната на Охрид и од страната на Преспа.
-Тоа е карпест терен на кој човечка нога не може да стапне. Хеликоптерот фрли неколку корпи вода на овој тешки пристапен предел, но линијата е голема – вели Ангелов.
Тој најави дека утре на Галичица ќе се гасне со три хеликоптери за да се постигне подобар ефект.