Пожарот кај Ѓавато е под контрола и нема нови жаришта

by Fokus

Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов соопшти дека пожарот кај селото Ѓавато што избувна вчера е ставен под контрола и нема жаришта, а екипите се на терен и ја следат состојбата.

-Упатувам голема благодарност до Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, ШС „Кожув“, градоначалниците и против пожарните единици на општините: Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Дојран, Валандово и Неготино, за нивното залагање, голема поддршка и несебична помош, кои заедно со жителите на Ѓавато, вработените во Општината и комуналното претпријатие го гаснеа големиот пожар, напиша градоначалникот на Богданци.

Поврзани новости