290
Пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но се уште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на распоредените пожарникари не им се дозволува да се прошират, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
-На терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, пожарникари од доброволните ПП друштва од Валандово и Дојран како и тимови на ДЗС и Национални шуми и од Јавното комунално претпријатие од Богданци.
Во овој момент нема потреба од воздушна подршка, вели тој.