Пожарот кај Битола локализиран но се уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

by Fokus

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот на м.в.Смолево (Општина Битола) во 23.00 часот. На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и е во правец на с.Буково.

До овој момент не се загрозени населени места и објекти. Командирот на ТППЕ Битола во раните утрински часови (05.30 ч.) врши контрола на теренот и ќе одлучи како ќе продолжи гаснењето на пожарот. Во текот на ноќта очекувано се намали интензитетот на горење на оние места каде што пожарот е се уште активен. Пожарот е одалечен од НП,,Пелистер” околу 10 км.

Екипите од ТППЕ Прилеп кои го гаснеа пожарот во атарите на с.Слепче и Гостиражни се повлечени од терен околу 23.30ч. Пожарот е започнат на 13.07.2024 во атарот на с.Црнилиште (ЕЛС Долнени). Во моментот пожарот е локализиран.

Екипата од ТППЕ Прилеп која го гаснеше пожарот во атарот на с.Небрегово (Општина Прилеп) е повлечена од терен во 22.05часот. Пожарот е се уште активен во повисокиот дел бидејќи во текот на ноќта немало услови да се интервенира на тој дел.

Поврзани новости