Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски вечерва во видео објавено на Фејсбук страницата на ЦУК извести дека пожарот кај скопското село Ајватовци, на територија на општина Илинден, е под контрола, но и натаму е опасен и активен поради што пожарникарите и локалното население ќе останат будни преку ноќта.
-Имаше критични ситуации во кои беше загрозен манастирот во Ајватовци, дури и селото Ајватовци, но благодарение на несебичните граѓни кои дојдоа да помогнат, но пред се на противпожарната бригада, на ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, кои заедно со хеликоптерите и авионите, помогнаа во гаснењето на овој пожар, колку-толку тој се локализираше и сега е под контрола, рече градоначалникот.
Тој додаде дека се надева на мирна ноќ и најавува дека рано изутрина, ако е потребно, повторно ќе се вклучат хеликоптерите и ер-тракторите, кои инаку не можат да функционираат во ноќни услови.