Пожарот ги зафати магацините кај „Треска“- повредени засега нема!

Од Противпожарната единица на Град Скопје за „Фокус“ потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици.

by fokus

Горат бараките во кругот на поранешната фабрика „Треска“, огнот зафатил и пластични материјали што предизвика густ чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за „Фокус“ потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици.

На терен се екипи со шест противпожарни возила, а побарани се и дополнителни возила за гасење на пожарот.

Од МВР за „Фокус“ пак велат дека полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, се врши евакуација на населението.

Досега нема пријава за повредени лица.

И од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“.

Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости