512
Двајцата пожарникари од Неготино и уште 41-годишно лице, кои вчера беа повредени во пожарот кој избувна во угостителски локал во Неготино, се пуштени на домашно лекување, информираат од ТППЕ Неготино.
Тие биле задржани во ЈЗУ Здравствен дом Неготино поради вдишување на чад, но како што појаснува заменик командирот во Противпожарната единица, нивната состојба е добра.
-Пожарот кој избувнал вчера во околу 18.30 часот го локализиравме за околу еден час и не дозволивме да се прошири. Пожарникарите кои вдишаа чад беа пуштени на домашно лекување уште синоќа, вели тој.
Бил извршен увид од страна на екипа на ОВР Неготино.
В.К.