Синоќа во Национална опера и балет во Скопје се одржа манифестацијата „Мажи на годината“ за 2024. На настанот кој се одржува по седми пат, главната награда ја добија пожарникарите, на чело со Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Ангелов исто така беше номиниран и во категоријата „Маж на годината“ според социјални медиуми, но таа награда ја доби комичарот Љупчо Крстевски.
Според реакциите, наградата замина во прави раце, бидејќи пожарникарите предводени од Стојанче беа во првите огнени редови, посебно во летниот период, кога земјата бее зафатена од пожари со огромен размер.
Беа доделени награди и во други категории, и тоа Ѓорѓе Војновиќ е менаџер на годината, амбасадорот и дипломат Кире Илиоски е маж со стил, Бесник Исаки е менаџер на годината, Никола Велковски е награден за млад менаџер на годината, Михајло Михајловски е маж со најголем придонес во спортот, дуото Александар и Дац се наградени за најголем придонес во културата, Сабри Азири е награден за најголем придонес во општеството, маж- странец на годината е амбасадорот Килиан Вал, а хедонист на годината е Денис Ампов.
Настанот е во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.
Вики Клинчарова