Пожарникари во Прилеп спасиле куче: Било притиснато и заробено од лифт

by Fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека покрај гасењето пожари, прилепските пожарникари викендов имале една несекојдневна интервенција во Општина Прилеп.

„Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ „Кочо Рацин“. Интервенирано е со едно ПП возило и два пожарникара“, велат од ЦУК.

Поврзани новости