Телата на две починати лица се извлечени вчера од возило марка „Фиат Мултипла“ кое излетало на на локалниот пат Катланово-Бадар во близина на мостот на река Пчиња. Полицијата ги објави иницијалите и возраста на починатите: З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје.
„На 02.10.2018 година околу 12.00 часот било пријавено дека имало возило кое излетало од патот. По пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица. Се работи за лицата З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција“, соопштија од МВР.