Пожарите во Орегон уништија пет мали градови, за експертите причина се климатските промени

by Fokus

Невидените пожари во американската сојузна држава Орегон уништиле пет мали градови, а властите стравуваат дека би можеле да биде причина за рекорден број загинати, изјави гувернерката на оваа држава, Кејт Броун.

Орегон е државата во западниот дел на САД која е најмногу погодена од пожарите, а регистрирани се повеќе од стотина огнени стихии кои се разгореа поттикнати од високите температури и силниот ветер.

Гувернерката Броун за медиумите изјави дека пожарите го уништиле гратчето Сантиам Вали кај Детроит, Блу Ривер и Вида на брегот на округот Лејн, како и Феникс и Тејлент во јужен Орегон.

-Ова би можело да биде најголема загуба на човечки животи во историјата на нашата држава, предупреди. Броун притоа не прецизираше за кој број човечки жртви би можело да станува збор, но еден од најсмртоносните пожари во Орегон бил во 1936 година, во кој загинале 13 лица, а уништен е градот Брандон.

Пожарникарите во Орегон, Калифорнија и Вашингтон се повлекле поради неконтролираната огнена стихија која натерала десетици илјади жители да се евакуираат од своите домови, додека илјадници останале без снабдување со електрична енергија.

Климатските експерти го обвинија глобалното затоплување за екстремните влажни и суви периоди на западот на САД кои предизвикале буење на тревите и нискостеблестите растенија, а потоа нивно сушење што е погодно за ширењето на шумските пожари.

Во сојузната држава Калифорнија сите 18 национални паркови се затворени поради „невидените и историски околности со пожарите“. Ширум САД шумските пожари од почетокот на годината зафатиле површина од речиси два милиона хектара. Повеќето пожари избувнаа на западот од земјата, каде во средата се пријавени 17 нови пожарии, па нивниот број се зголеми на вкупно 96, а зафатиле област од околу 1,5 милиони хектари, што е приближно колку територијата на сојузната држава Конектикат.

Поврзани новости