Пожар во зграда во Тетово, маж потешко повреден

by fokus

Пожар избувна во зграда во Тетово, јавува телевизија Алсат. 

Според првичните информации, еден човек е тешко повреден, додека пет лица се здобиле со полесни повреди и се однесени во тетовската болница.

Најтешко повредениот е сопственик на зградата. Постојат индиции дека причината за пожарот е експолозија на плинска боца. Повеќе детали се очекува да има во текот на денот.

Поврзани новости