397
Пожар избувнал вчера во зграда во Неготино, поради неисчистен заеднички оџак, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Пожарот настанал во стан на триесет и шестгодишен неготинец од станбената зграда на улицата Маршал Тито и бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица од Неготино – соопшти Додевски.
Увид на местото на настанот, по овластување од Основното јавно обвинителство, извршила екипа од полициската станица од општа надлежност Неготино.
МИА