537
Вчера утрото околу 9.30 часот настанал пожар во бањата во полуотворено одделение на затворот „Идризово“. Од пожаарот била зафатена кровната конструкција, велат од МВР.
„На 22.07.2019 во 09.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, во делот на бањата, настанал пожар во кој била зафатена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, додаваат од МВР.