605
Предмалку во затворот „Идризово“ избувнал пожар, јавуваат за „Фокус“ дел од затворениците. Според нивните информации пожарот бил подметнат во затворската амбуланта, и тоа во знак на револт на неколкумина осуденици поради лошите услови, но и нивните неостварени барања за амнестија. Наводно тие од своите ќелии извадиле неколку душеци и ги запалиле.
Информацијата, за „Фокус“, ја потврди и директорот на затворот, Живко Пејковски, кој појаснува дека пожарот веднаш бил изгаснат и дека нема повредени.
-Не беше запалена амбулантата, туку помошна просторија во нејзина близина. Пожарот беше мал и изгаснат пред да стигне противпожарната екипа, вели Пајковски, кој додава дека допрва ќе се утврдува дали некој го подметнал.
В.В.